Домаќинствата можат да постават ФВ електрани на крововите на своите куќи со максимална моќност од 6 kW, што може да ja покрие годишната потрошувачка до приближно 7800kWh.
Проценката на приближната цена на ФВ електрана произлегува од посакуваната инсталирана моќност на овој производен објект.
Кога се пресметува цената на ФВ електрана, важи правилото дека инсталираниот киловат капацитет за поголемите електрани е поевтин одколку кај помали. Причината за тоа е што најголемиот променлив дел од цената на електраната е во ФВ панели и инвертoрот (кој е најскапиот поединечен дел на електраната), додека сите други компоненти, во поголемата мера, се инсталираат на истиот начин во рамките на секој систем.
Во пракса, ова значи дека цените на фотоволтаичните електрани, по принципот “клуч на рака”, во моментов се движат во опсег од 1000 до 1200 евра по инсталиран киловат моќност.
ПРИМЕР ЗА ТРОШОЦИ ЗА ЕЛЕКТРАНА ОД 5 kW
5 kW x 1000 евра = 5000 евра
5 kW x 1200 евра = 6000 евра
Значи, за електрана од 5 kW, цената се движи во опсег од 5000 до 6000 евра, но најверојатно тој износ ќе биде во опсег од 5500 до 6500 евра.
Колкава површина од кровот е потребна за фотоволтаичната електрана?
Потребната кровна површина зависи од димензиите на панелите кои сакате да ги поставите. Овие димензии во извесна мера варираат во зависност од производителот, но можете да ги користите овие мерки (230 x 115 cm) како референца за брзa пресметка на потребната површина од кровот.
Моментално за кровни ФВ системи најкористени се панелите со снага од околу 550 W.
Во примерот ќе ги користиме овие вредности за да ја пресметаме потребната површина на кровот.
- Моќност на посакуваната фотоволтаична електрана - 5 kW
- Димензии на панелите - 1,130 m x 2,270 m
- Површина на еден поединечен панел - околу 2.56 m2
5 kW ФВ панели на кровот прво се пресметуваат во број на потребни панели, во овој пример 5 kW/0,55 kW = 9,09 панели.
Ќе ги отстраниме децималните цифри со заокружување на погорна или помала вредност, за да добиеме цел број.
Бидејќи пресметуваме цели панели, ќе го заокружиме бројот на панели на погорна вредност – 10 панели.
- Површината која тие ќе ја зафаќаат е 10 панели x 2,65м2 = 26,5 m2.
- Вкупната инсталирана снага на панелите ќе биде 5,5 kW.
Кога се проектира фотоволтаичната електрана, практиката е да се стави малку поголема моќност во панелите во споредба со инвертерот. Моќноста на на панелите може да биде поголема до 20%, што ни овозможува поголемo производство на електрична енергија во периодите на годината кога има помалку сонце.
Ова сигурно не е фина пресметка и можете да ја добиете само од компанијата која ќе ви ја изгради фотоволтаичната електрана, на основа на точните (измерени) параметри на вашиот кров, годишната потрошувачка, како и други дополнителни параметри потребни за изработка на основниот проект.