Интернет порталот на заедницата на македонското просумерство е изработен во рамки на проектот Просумери МК, реализиран од Еко-свест и финансиран од Европскиот климатски фонд (ECF). Порталот има за цел да обезбеди лесен пристап до клучни информации и ресурси за искористување на соларната енергија за сопствени потреби.
Проектот е насочен кон развој на соларното просумерство во Македонија, преку подигнување на свеста и обезбедување на неопходни информации за сите соларни просумери и заинтересирани граѓани кои сакаат да произведуваат и користат сопствена електрична енергија. Порталот ќе им помогне на домаќинствата да се информираат за правните процедури, потребната опрема, трошоците за изградба на фотоволтаични системи, како и за достапните субвенции и финансиски можности во Македонија.
Главната цел на порталот е да ги поддржи граѓаните во нивниот премин кон обновливи извори на енергија, со посебен фокус на соларната енергија, поттикнувајќи ги да придонесат кон примената на одржливи решенија и енергетски ефикасни практики. На тој начин, порталот придонесува кон унапредувањето на енергетската независност на македонските домаќинства кон поавтономни и еколошки одржливи модели на производство и потрошувачка на електрична енергија.