Со указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за градење од 20 октомври 2022 година се поедностави процедурата за поставување на фотоволтаични електрани.

На граѓаните нема да им биде потребно решение од матичната општина за поставување на фотоволтаични електрани кои се поставуваат на нивните објекти, односно истите ќе треба да достават известување за поставување на фотоволтаична електроцентрала до општината со  приложување на:

  • имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави ФВ електроцентрала, со право на сопственост на инвеститорот, а доколку се предвидува електроцентралата да се постави на индивидуален објект кој не е во сопственост на инвеститорот се доставува и договор склучен со сопственикот/сопствениците на објектот или писмена согласност за поставување ФВ електроцентрала од сопственикот/сопствениците на објектот и                                                     
  • основен проект за поставување ФВ електроцентрала

На овој начин домаќинствата ќе можат да постават фотоволтаични електрани со капацитет до 6 киловати.

Основниот проект за поставување на ФВ електроцентрала треба да содржи општ дел и проектен дел, кој се состои од архитектонски проект и проект за електрична инсталација и опрема. Изведбата ја врши изведувач со лиценца (барем лиценца Б).  ФВ електроцентрала се става во употреба врз основа на нотарски заверена изјава  кој врз основа на изјава под кривична и материјална одговорност гарантира дека истата е поставена согласно законските процедури. Инвеститорот е должен примерок од изјавата на Изведувачот да достави до единица на локалната самоуправа и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Самата изградба на фотоволтаичната електрана е брз процес и, во зависност од бројот на ангажирани техничари и инженери,  временските услови и изведбата на кровната конструкција, може да трае од еден до три дена.

Осигурачи

Пред да се започне со изградба на фотоволтаичната електрана потребно е да се проверат следниве работи:

Исправноста и стабилноста на кровот и кровната конструкција се основни предуслови за безбедна инсталација на фотоволтаична електрана, во согласност со инженерската практика и стандарди.

Громобран

Громобранска инсталација или громобран е нешто на што ретко или скоро никогаш не обраќаме внимание, а има значајна улога во безбедноста на зградите, имотот и луѓето – за заштита од удар од гром.

Кров

Кровот е местото кое ќе претрпи извесни промени со инсталирањето на фотоволтаичните панели. Важно е кровот да се провери, бидејќи на него ќе ги ставите панелите кои треба да останат таму најмалку следните 25 години. Секоја демонтажа и повторно поставување на панелите ќе предизвика дополнителни трошоци, па затоа е важно од самиот почеток да започнете со изградба на фотоволтаичната електрана на правилниот начин.

Значењето на кровот во функционирањето на фотоволтаичната електрана

Покрај стабилноста на кровната конструкција, потребно е да се разгледаат и други параметри кои влијаат на работата на фотоволтаичната електрана. Тие се воедно и првите параметри кои треба да се разгледаат пред да се започне со процесот на изградба на електраната.