Ова е важен чекор, бидејќи правилно одредување на потребната моќност на електраната има директно влијание врз периодот на поврат на инвестицијата.
Годишната потрошувачка на електрична енергија
Ова е најважниот фактор кој го земаме во предвид кога ја планираме големината на електраната, затоа што принципот на "потрошувач-производител" е наменет за сопствената потрошувачка и целта е електраната да биде "димензионирана" така што ќе го покрие поголемиот дел од вашите потреби за електрична енергија.
Ако изградите електрана која е поголема од вашите потреби, ќе имате многу поголемо предавање на вишоци на електрична енергија, од она што вашето домаќинство ќе го троши од електродистрибутивната мрежа, а дополнително ќе влијае да се намали цената на електрична енергија за предадените вишоци согласно важечкиот начин на пресметување на вишокот електрична енергија. Ова го прави предимензионираниот систем далеку понеисплатлив.
Нашата препорака, базирана на искуствата на клиенти и компании кои се занимаваат со изградба на ФВ електрани, е да планирате електрана која ќе покрие околу 90% од вашата годишна потрошувачка на електрична енергија.
Како се пресметува годишната потрошувачка
Потрошувачката на електрична енергија е изразена во киловат-часови (kWh), и тоа е мерната единица која ќе ја користиме за пресметката на потрошувачката во вашиот дом. Потрошената електрична енергија најпрво е поделена на:
- потрошувачка во висока тарифа и
- потрошувачка во ниска тарифа
Блок 1: од 0 kWh до 210 kWh
Блок 2: oд 211 kWh до 630 kWh
Блок 3: од 631 kWh до 1050 kWh
Блок 4: од 1051 kWh па нагоре
Како брзо да ја пресметате потребната големина на фотоволтаичната електрана?
Само да ве потсетаме: домаќинствата можат да постават ФВ електрани на крововите со максимална моќност од 6 kW, што може да покрие годишната потрошувачка до приближно 7800 kWh.
Пресметувањето на потребната инсталирана моќност на ФВ електрана се состои од низа пресметки, но за брза приближна проценка, може да ви послужи препораката што ја добиваме од проектантите на ФВ електрани - како да на брз и едноставен начин пресметаме потребната моќност на ФВ електрана.
Големината на ФВ електрана може да ја пресметате едноставно:
За следниов пример е земено домаќинство кое има годишна потрошувачка на екејтрична енергија во висока тарифа од 6500 kWh.
Количината на енергија што може да ја произведе вашиот ФВ систем зависи од сончевото зрачење на вашата локација, што е количината на сончева светлина добиена по единица површина. Ова варира во зависност од географската локација. Во Македонија просечното сончево зрачење е помеѓу 1200 и 1500 kWh по инсталиран kW годишно.
За оваа пресметка, е земено просечното сончево зрачење во нашата земја кое е 1300 kWh/kWp годишно.
Eнергијата произведена од 1 kW инсталиран капацитет, за ФВ систем од 1 kW, може да очекувате годишно производство на енергија од околу 1300 kWh, со оглед на претпоставената просечна сончева радијација.
Врз база на ова може да се пресмета големината на ФВ системот потребен за да се задоволи потрошувачката на домаќинството:
6500 kWh / 1300 = 5kW
Едноставно, нели?
Моќноста на инверторите во главно е нормирана на цели броеви (5 kW, 7 kW, 8 kW...). Изборот на инвертор ќе го направите со заокружување на најблиската поголема или помала вредност (во случај кога имаме капацитет на електраната изразен со децимален дел). Иако инверторот најчесто е со големина иста или приближна на инсталираниот капацитет на ФВ панели, инверторите исто така може да бидат помали или поголеми поради различни причини.
Користење на инвертерот со помала големина е честа практика која се употребува затоа што инвертерите работат поефикасно кога работат во ранг на нивниот капацитет, а ФВ панели го поминуваат поголемиот дел од своето време генерирајќи под нивниот номинален максимум. Имајќи во предвид дека ФВ систем ќе ја произведе својата врвна моќност само во идеални услови, тие услови се температура од 25 степени Целзиусови, 1000 W на квадратен метар (m2) сончева светлина и густина на воздушна маса од 1,5. Овие состојби може да бидат присутни само неколку пати во текот на годината или воопшто и да не се достигнат. Поради тоа, ФВ системoт ретко може да го постигне својот максимален излез на производство.
Со поддимензионирање на инвертерот ќе се намали излезната моќност на системот во услови што би резултирале системот да го достигне својот максимален излез, но тоа би било точно само за неколку часа во денот. Интересна работа се случува со поддимензионираните инвертери наутро и попладне. Тие наутро можат брзо да го зголемат генерирањето на енергија, а побавно го намалуваат генерирањето попладне. Ако го прикажеме графиконот на излезната моќност, може да се забележи малку помал врв на производство, но поголемо производство наутро и навечер, што резултира со подебела крива на производство на енергија. Резултатот од ова е дека систем со помала моќност на инвертор би произведувал повеќе енергија вкупно отколку систем со инвертер што не бил поддимензиониран.