Обновливи извори на енергија
Обновливи извори на енергија се природни ресурси кои можат да се обновуваат или регенерираат во временска рамка достапна за човекот, обезбедувајќи одржлив и практично неисцрпен извор на енергија. Овие извори потекнуваат од природни процеси како што се сончевата светлина, ветерот, водeните текови, биомасата, биогасот, геотермалната топлина и други обновливи извори на енергија.
Просумер / потрошувач-производител (како што е официјалниот назив во македонското законодавство)
Потрошувач-производител е домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник и единка корисник, кој изградил објект за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, пришто произведената електрична енeргија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената електрична енергија го предава во електродистрибутивна мрежа.
Пресметковен период
Пресметковниот период од за вреднување на вишокот електрична енергија предадена во мрежа е шест месеци при што првиот пресметковен период е од јануари до јуни, а вториот пресметковен период е од јули до декември.
Период за израмнување на обврските и задолжувањата помеѓу потрошувачот-производител и снабдувачот
Претставува период од една година.
Тарифа (ВТ, НТ)
Ако крајниот потрошувач има двотарифно броило, потрошената електрична енергија е поделена на:
- потрошувачка во висока тарифа и
- потрошувачка во ниска тарифа
Ниската тарифа е од 13:00 до 15:00 часот и од 22:00 до 07:00 часот секој ден, како и од 22:00 часот (сабота) до 07:00 часот (понеделник) за време на викендот.
Корисниците кои имаат еднотарифно броило можат да поднесат барање (општо барање) за промена од еднотарифно во двотарифно, по што Електродистрибуција ќе постапи.
Електродистрибуција и без барањата, веќе има насоки за промена на сите еднотарифни броило во двотарифни. Броилата кои што од одредени причини нема да можат да бидат променети ќе добијат фактури само по висока тарифа, се додека не се променат истите.